| четврток, 6 декември 2018 |

Каков шок на УС Опен, Надал испушти водство од 2-0 во сетови (видео)

US Open tennis

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е поразен во третото коло на последниот грен-слем оваа сезона, Отвореното првенство на САД. Подобар од него беше Италијанецот Фабио Фоњини кој успеа со целосен пресврт да слави во пет сета )3:6, 4:6, 6:3, 6:3, 6:4) за три часа и 46 минути игра.

Фоњини успеа во текот на целиот натпревар да добие 70 „винер“ удари и со тоа да го оневозможи Надал да се надева на победата. „Кралот на земјата“ за првпат во последните 10 години не успеа да освои нути еден грен-слем во една сезона и можеби најавува дека неговата кариера оди во надолна линија.

US Open tennis

До овој натпревар Шпанецот имаше неверојатна серија од 151-0 во натпревари на грен-слеми во кои водел со 2-0 во сетови, но таа серија се прекина откако Фоњини на чудесен начин победи.

– Ако сакате да играте против Надал и да направите нешто, мора да ризикувате. Тоа го направив јас и тоа е единсрвениот начин за победа – изјави Фоњини по натпреварот.

Надал по мечот беше нервозен и нерасположен, но секако остана големс спортсмен и му честиташе на заслужената победа на противникот.

– Играше фантастично. Ова не беше натпревар кој јас го загубив, туку меч кој он го победи. Не сум среќен што играше подобро од мене, но тоа и се случи – изјави Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top