Пожарникарот од аеродромот во Полска пронашол дијамантски прстен во автобусот што пренесува патници до авионите. И го вратил. Прстенот бил на богатата старлета Парис Хилтон.
-Прстенот го загубив како резултат на исцрпеноста од целодневниот излет по Полска. А претходната ноќ се забавував на Ибица, посочила старлетата.
Вредноста на прстенот кој го нашол пожарникарот изнесува околу 265 илјади евра. 34 годишната Хилтон вети дека богато ќе го награди чесниот пожарникар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.