| четврток, 6 декември 2018 |

Косово: 33.000 лица се откажале од државјанството

Повеќе од 33 илјади косовски државјани се откажеле од своето државјанство по прогласувањето на незавиноста.

Оваа го изјави во петокот преставничката на канцеларијата за односи со медиумите на косовското Министерство за внатрешни работи, Роксана Ќари.

Истакна дека само во периодот јануари – август годинав доставени биле повеќе од 3.600 барања за откаживање од косовско државјанство, од кои позитивни решенија од надлежната институција добиле нешто над 3.400 лица.

Главна причина за откажување од државијанството на Косово е добивањето државјанство во една од земјите од Европската унија, каде што не е дозволено двојно државјанство, нагласи Ќари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top