| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел со план во седум точки за решавање на бегалската криза во Германија

меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел овој викенд за време на средбата со своите коалициски партнери би требало да разговара за планот во седум точки за решавање на бегалската криза во Германија, пишува весникот „Билд“.

Планот, меѓу другото, предвидува заострување на условите за добивање азил, укинување на месечниот надомест и намалување на рокот за депортирање на една недела, со петгодишна забрана за влез, што првенствено се однесува на жителите на балканските држави.

Меркел сака до крајот на октомври сите бегалци да бидат сместени во цврсти објекти, пишува „Билд“, наведувајќи дека моментано во Германија најмалку 20.000 бегалци живеат во шатори.

Германката канцеларка планира зголемување на бројот на вработени во надлежните сојузни служби за бегалци и мигранти, со цел да се забрза постапката за стекнување на азилантски статус. Меркел, исто така, планира лицата со азилантски статус да може да учат германски јазик и да имаат пристап до образовниот систем, со цел побрзо да се прилагодат на пазарот на труд.

Дел од планот на Меркел предвидува и протерување, што може да се однесува, првенствено на луѓето од Балканот. Лицата што доаѓаат од држави со безбедно потекло, како што се Србија, БиХ или Македонија, би требало во рок од една недела да бидат депортирани и да добијат забрана за влез до пет години. „Билд“, наведува дека на списокот на земји со безбедно потекло треба да се додадат и Албанија, Косово и Црна Гора.

Освен тоа, сите бегалци треба првенствено да бидат регистрирани во прифатни центри во Италија и Грција и потоа да бидат распределени во земјите од ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top