| четврток, 6 декември 2018 |

Во НУБ-книжевниот саем за млади под наслов „Патување на француската книга“

Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје од 9 до 11 септември ќе организираат Книжевниот саем за млади, насловен „Патување на француската книга“. Во рамките манифестацијата ќе гостува францускиот театар „Ларденоа“ во Македонија со „Камион со приказни“, којшто настапува во Македонија како дел од регионална турнеја.

В среда, (9 септември) напладне во ОУ „Димитар Миладинов“ на театарската престава „Волчо Страшниот“, во изведба на театарот Ларденоа и „Камионот на приказни“, в четврток, 10 септември во 12 чaсот, на свеченото отворање на целодневниот Книжевен саем за млади „Патување на француската книга“, од страна на д-р Иван Заров, Директор на Националната и универзитетска библитека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, и г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот институт во Скопје, а во присуство на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија.

Во текот на денот се предвидени забавни и педагошки активности наменети за деца и млади до 12 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top