| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Поради емигрантите, ќе станеме малцинство на својот континент

орбан

Унгарските и полски власти предупредија дека Европа е под закана од милиони емигранти, доколку се игнорираат причините за бегалската криза и Европа не ги заштити своите граници.

Бранот емигранти во Европа е бесконечен и доколку ЕУ не ги заштити своите граници може да пристигнат десетици милиони нови, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Реалноста е дека на Европа се заканува голем бран бегалци, многу десетици милиони би стигнале во Европа – изјави Орбан за државното радио, додавајќи дека сега се зборува за стотина илјади, но идната година тоа ќе бидат милиони и тоа нема крај.

Според Орбан Европа одеднаш ќе сфати дека е малцинство на сопствениот континент и затоа треба да покаже сила и ги заштити своите граници.

Европа мора да се соочи со причините за доаѓањето на емигрантите, а не само да се концентрира на тоа како да ги распредели меѓу земјите-членки, бидејќи наскоро ќе се соочи со милиони, предупреди полскиот министер за надворешни работи Грегор Шетина.

– Степенот на емиграција е голем и не можеме да се фокусираме, а зборуваме за цела Европа, на распоредување на илегални емигранти без да се бориме против причините за нивното доаѓање – изјави Шетина за радио „Зет“.

Според Шетина мора да се размислува како да се запре илегалната миграција, бидејќи во спротивно наскоро ќе има три-четири милиони економски бегалци.

Високиот преставник на ОН за бегалци Антонио Гутереш повика на распоредување на најмалку 200.000 баратели на азил во ЕУ и оцени дека сите земји членки на ЕУ треба да имаат обврска да учествуваат во програмата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top