Французинката Натали Ајмонт, која предизвика големо внимание кај интернет-заедницата поради потрага по убавиот Австралиец со кој останала бремена, призна дека целата приказна е измислена.
Таа се вика Ализ Мичел (26), студира маркетинг и туризам. Ден по објавувањето на нејзиното видео каде „само сака повотрно да го види мажот, а ако тој не сакал да има повеќе врска со неа – во ред е, на нејзиниот канал на „Јутјуб“ се појави ново видео во кое признава дека станува збор за измама.
„Го пронајдов“, се воведните зборови во снимката каде што објаснува дека станува збор за волонтерка, која глумела, а кампањата ја покренала туристичка агенција со цел привлекување медиуми во нивниот град.
– Знам дека многумина ќе бидат вознемирени поради ова, но оваа млада дама не е за ништо виновна, се сам почнав – изјави сопственикот на компанијата Енди Селар.
Оваа приказна уште еден доказ за сите успешни инернет-измами и подметнувања во т.н. свет на виртуелен маркетинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


