| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободена киднапираната Французинка во Јемен

фран

Французинката Изабел Прајм, која вооружени напаѓачи ја киднапираа во февруари во јеменскиот главен град Сана, е ослободена, соопшти денеска кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд.

– Нашата сонародничка Изабел Прајм е ослободена. Претседателот Франсоа Оланд сака да им се заблагодари на сите кои помогнаа да се дојде до овој резултат, а посебно на оманскиот султан Кабус бин Саид – се наведува во соопштението, без да се истакнат повеќе детали за нејзиното ослободување.

Прајм и нејзиниот јеменски преведувач беа киднапирани во Сана на 24 февруари на пат кон работното место, а преведувачот беше ослободен уште следниот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top