| четврток, 6 декември 2018 |

Се намалува бројот на абортуси, но не и кај младите девојки

Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка сѐ уште ги не­ма об­ја­ве­но по­да­то­ци­те за бро­јот на абор­ту­си во 2014 го­ди­на. За­кон­ски­те из­ме­ни ста­пи­ја во си­ла не­ка­де на сре­ди­на­та на 2013 го­ди­на. Спо­ред тоа што го по­ка­жу­ва ста­ти­сти­ка­та за 2013 го­ди­на, бро­јот на абор­ту­си се на­ма­лил. Во 2013 го­ди­на се за­ве­де­ни 4.983 абор­ту­си, што е за 450 абор­ту­си по­мал­ку од 2012 го­ди­на

Ед­на же­на во 2014 го­ди­на се об­ви­ну­ва за про­тив­прав­но пре­ки­ну­ва­ње бре­ме­ност и за­ при­сил­на сте­ри­ли­за­ци­ја. Со до­не­су­ва­ње­то на За­ко­нот за абор­тус, со кој се огра­ни­чи­ја уста­но­ви­те што мо­жат да вр­шат пре­кин на бре­ме­ност и се во­ве­доа одре­де­ни со­ве­ту­ва­ња пред да се пре­ки­не бре­ме­но­ста, се пред­ви­де и каз­на за­твор до три го­ди­ни за тој до­ктор што ќе из­вр­ши пре­кин на бре­ме­но­ста спро­тив­но на одред­би­те на овој за­кон. Ед­на же­на се об­ви­ну­ва ток­му за пре­кр­шу­ва­ње на овој за­кон.

Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка сѐ уште ги не­ма об­ја­ве­но по­да­то­ци­те за бро­јот на абор­ту­си во 2014 го­ди­на. За­кон­ски­те из­ме­ни ста­пи­ја во си­ла не­ка­де во сре­ди­на­та на 2013 го­ди­на. Спо­ред тоа што го по­ка­жу­ва ста­ти­сти­ка­та за 2013 го­ди­на, бро­јот на абор­ту­си се на­ма­лил. Во 2013 го­ди­на се за­ве­де­ни 4.983 абор­ту­си, што е за 450 абор­ту­си по­мал­ку од 2012 го­ди­на. Од­нос­но, на 100 жи­во­ро­де­ни де­ца во 2012 го­ди­на се абор­ти­ра­ни 23 фе­ту­си, а во 2013 го­ди­на таа број­ка е по­ни­ска – 21,5 фе­ту­с.

Спо­ред  по­да­то­ци­те на „Џон­сонс ар­хив“, од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја до 2010 го­ди­на се из­вр­ше­ни 218.338 абор­ту­си. До 2013 го­ди­на ста­ти­сти­ка­та не поз­на­ва го­ди­на во ко­ја има­ло по­мал­ку од 5.000 абор­ту­си. Во 2011 го­ди­на се ре­ги­стри­ра­ни 5.324 абор­ту­си, во 2010 го­ди­на 5.079, а во 2009 го­ди­на 5.601 абор­ту­си. Во 2000 го­ди­на има­ло ду­ри 11.407 ре­ги­стри­ра­ни абор­ту­си.

До­кто­ри­те ве­лат де­ка на­мер­ни­те абор­ту­си за 2014 го­ди­на се со по­мал број во од­нос на не­на­мер­ни­те из­вр­ше­ни абор­ту­си . Та­ка, на при­мер, ми­на­та­та го­ди­на во Штип има­ло 74 не­са­ка­ни, нас­про­ти 25 на­мер­ни абор­ту­си. Во Ра­до­виш тој од­нос е 33 не­на­мер­ни, нас­про­ти 22 на­мер­ни абор­ту­си.

 

Мла­ди­те де­вој­ки че­сти па­ци­ен­ти

Тоа што за­гри­жу­ва е сла­ба­та ин­фор­ми­ра­ност за упо­тре­ба­та на кон­тра­цеп­ци­ја, што ре­зул­ти­ра со ви­сок про­цент на мла­ди де­вој­ки што се ре­ши­ле за пре­кин на бре­ме­но­ста. Ако во 2008 го­ди­на би­ле ре­ги­стри­ра­ни 146 абор­ту­си на во­зраст по­ма­ла од 20 го­ди­ни, во 2013 го­ди­на, спо­ред по­да­то­ци­те на Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је, бро­јот се зго­ле­мил ре­чи­си за 100, од­нос­но ду­ри 237 пре­ки­ни на бре­ме­ност кај оваа по­пу­ла­ци­ја. Са­мо во глав­ни­от град вкуп­но 53 де­вој­чи­ња на во­зраст од 15 до 19 го­ди­ни се ре­ши­ле да абор­ти­ра­ат. На Kли­ни­ка­та за ги­не­ко­ло­ги­ја во 2013 го­ди­на од вкуп­но 196 абор­ту­си, пет би­ле на­пра­ве­ни кај ма­ло­лет­нич­ки. Од ја­ну­а­ри 2014 го­ди­на до сеп­тем­ври иста­та го­ди­на на Кли­ни­ка има­ло 191 пре­кин на бре­ме­ност, од кои пет се кај пом­ла­ди од 18 го­ди­ни. Спо­ред по­да­то­ци­те на скоп­ски­от Цен­тар за јав­но здрав­је, во 2013 го­ди­на се ре­ги­стри­ра­ни 53 абор­ту­си кај адо­лес­цен­тки на во­зраст од 15 до 19 го­ди­ни.

tema156-2

Кон­тра­цеп­ци­ја­та та­бу-те­ма

На­ше­то оп­штес­тво е ме­ѓу тие во кое има мно­гу пре­дра­су­ди и ди­ле­ми по­вр­за­ни со оваа те­ма, со кои, пак, мла­ди­те се­којд­нев­но се со­о­чу­ва­ат. По­ра­ди се­то ова мла­ди­те по­сто­ја­но се пра­шу­ва­ат: Зо­што кон­тра­цеп­ци­ја? Ка­ко се упо­тре­бу­ва? Кои се мож­ни­те не­га­тив­ни­те по­ја­ви? Да­ли има по­зи­тив­ни стра­ни ко­га се ко­ри­сти кон­тра­цеп­ци­ја? И мно­гу пра­ша­ња што поч­ну­ва­ат со: А, што ако…? Од Цен­та­рот за јав­но здрав­је, ка­ко и од нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции што се за­ни­ма­ва­ат со еду­ка­ци­ја на мла­ди­те за за­шти­та од не­са­ка­на бре­ме­ност и од се­ксу­ал­но пре­нос­ли­ви бо­ле­сти ве­лат де­ка мла­ди­те зна­ат мно­гу, но мал­ку при­ме­ну­ва­ат.

Се­пак, прем­но­гу ин­фор­ма­ции и раз­ни по­да­то­ци пра­ват ха­ос во гла­ви­те на мла­ди­те. Тие, ка­ко што са­ми­те ка­жу­ва­ат, од ин­фор­ма­ции до­би­е­ни пре­ку ин­тер­нет, ве­ру­ва­ат де­ка ако ко­ри­стат орал­на кон­тра­цеп­ци­ја ќе се зде­бе­лат, ќе оста­нат сте­рил­ни или ќе им по­рас­нат влак­на. Спо­ред истра­жу­ва­ња­та на „Хе­ра“, спро­ве­де­ни во на­ша­та зем­ја, са­мо 1,3 от­сто од мла­ди­те де­вој­ки до 29 го­ди­ни ко­ри­стат орал­на хор­мон­ска кон­тра­цеп­ци­ја. Во че­ти­ри зем­ји од ре­ги­о­нот (Ал­ба­ни­ја, Бос­на и Хер­це­го­ви­на, Ма­ке­до­ни­ја и Ср­би­ја) стап­ка­та на упо­тре­ба на мо­дер­ни­те кон­тра­цеп­ци­ски ме­то­ди е по­ма­ла од 20 про­цен­ти и е мно­гу под про­се­кот од зем­ји­те во За­пад­на Евро­па (по­ве­ќе од 60 от­сто).

– На по­че­то­кот бе­ше во ред да пла­ќам за ап­чи­ња­та, но не мо­жев да си доз­во­лам се­кој ме­сец да од­во­ју­вам по 700 де­на­ри. Во тоа вре­ме бев сту­ден­тка и до­би­вав са­мо џе­пар­лак од мо­и­те ро­ди­те­ли. Ми бе­ше те­шко би­деј­ќи по­крај ап­чи­ња­та ку­пу­вав­ме и кон­до­ми, па, исто та­ка, ми тре­баа па­ри и за кон­до­ми. Мај­ка ми че­сто ми ку­пу­ва­ше ап­чи­ња би­деј­ќи јас не мо­жев да си доз­во­лам да ги ку­пу­вам од мои па­ри – ве­ли ед­на мла­да де­вој­ка.

Мно­гу­ми­на сме­та­ат де­ка таб­ле­ти­те за кон­тра­цеп­ци­ја тре­ба да вле­зат на по­зи­тив­на­та ли­ста, ток­му по­ра­ди мож­но­ста да би­дат по­при­стап­ни до мла­ди­те. Но, це­на­та на кон­тра­цеп­ци­ја­та се чи­ни де­ка не е глав­на при­чи­на што вли­јае на упо­тре­ба­та на кон­тра­цеп­ци­ја­та ме­ѓу же­ни­те во ур­ба­ни­те сре­ди­ни, а ни­ту кај тие што до­а­ѓа­ат од се­мејс­тва со сред­ни при­ма­ња. Це­на­та е, се­ка­ко, фа­ктор, но не и пре­су­ден, освен за нај­си­ро­маш­ни­те гру­пи и кај дел за тие што жи­ве­ат во ру­рал­ни­те сре­ди­ни. Дел од до­кто­ри­те пре­по­ра­чу­ва­ат мла­ди­те да ко­ри­стат кон­до­ми ме­сто орал­на кон­тра­цеп­ци­ја или спи­ра­ла.

– Јас сум за кон­до­мот би­деј­ќи е нај­пра­кти­чен и нај­без­бе­ден по здрав­је­то. Не сум мно­гу за орал­на­та кон­тра­цеп­ци­ја. Што се од­не­су­ва за спи­ра­ла­та, ве­ќе збо­ру­ва­ме за ту­ѓо те­ло… – ве­ли еден до­ктор во истра­жу­ва­ње­то на „Хе­ра“.

Фар­ма­це­вти­те сме­та­ат де­ка ги­не­ко­ло­зи­те не се до­вол­но фи­нан­си­ски мо­ти­ви­ра­ни да ги со­ве­ту­ва­ат сво­и­те па­ци­ен­ти за кон­тра­цеп­ци­ја, ко­ја, спо­ред нив­но­то мис­ле­ње, е ед­на од при­чи­ни­те за ни­ска­та упо­тре­ба на мо­дер­на­та кон­тра­цеп­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја

– Са­мо де­сет от­сто од на­ши­те ги­не­ко­ло­зи обр­ну­ва­ат вни­ма­ние на ква­ли­тет­но со­ве­ту­ва­ње и ин­фор­ма­ци­ја. Јас мис­лам де­ка тие не се сти­му­ли­ра­ни да го пра­ват тоа. Про­цен­тот на упо­тре­ба на орал­на кон­тра­цеп­ци­ја е по­мал од два от­сто. Ова е страш­на ста­ти­стич­ка број­ка на ко­ја не­кој тре­ба да ѝ обр­не по­го­ле­мо вни­ма­ние – ова е ко­мен­та­рот на фар­ма­цевт вклу­чен во истра­жу­ва­ње­то на нев­ла­ди­на­та ор­га­ни­за­ци­ја.

Кон­до­ми­те со сво­ја­та це­на се до­стап­ни за ре­чи­си си­те же­ни. За­тоа тие се глав­но средс­тво за за­шти­та кај мла­ди­те, но, ге­не­рал­но, се ко­ри­стат евти­ни и не­до­вол­но си­гур­ни средс­тва за за­шти­та. Истра­жу­ва­ње спро­ве­де­но од ком­па­ни­ја­та „Ду­рекс“по­ка­жу­ва де­ка 54 от­сто од ти­неј­џе­ри­те ин­фор­ма­ци­и­те за упо­тре­ба на пре­зер­ва­ти­ви ги до­би­ва­ат од ин­тер­нет, а 27 от­сто од кру­гот на нив­ни­те при­ја­те­ли.

– До­би­е­ни­те по­да­то­ци ука­жу­ва­ат на тоа де­ка сту­ден­ти­те што се во пол­на се­ксу­ал­на актив­ност има­ат поз­на­ва­ња ка­ко да се за­шти­тат се­бе­си и парт­не­рот, но по­стои ед­на тен­ден­ци­ја врз ко­ја тре­ба да вли­ја­е­ме еду­ка­тив­но, а тоа е, мо­же­би, нај­важ­ни­от сег­мент. Број­ка­та де­ка 40 от­сто сме­та­ат де­ка ма­шко­то тре­ба да се гри­жи за ку­пу­ва­ње пре­зер­ва­ти­ви е за­гри­жу­вач­ка, за­тоа што збо­ру­ва за не­до­вол­на­та свес­ност за се­ксу­ал­на­та об­вр­ска и од­го­вор­ност кон се­бе­си и кон парт­не­рот. Спо­ред ова, ќе соз­да­де­ме актив­но­сти за по­диг­ну­ва­ње на се­чи­ја свест за од­го­вор­но­ста во се­ксу­ал­ни­от чин – ре­че во ед­на при­го­да Еле­на Га­гиќ од „Мер­кур трејд“, ге­не­ра­лен за­стап­ник за „Ду­рекс“ во Ма­ке­до­ни­ја.

Мно­гу мла­ди сме­та­ат де­ка пре­ки­ну­ва­ње на од­но­сот пред еја­ку­ла­ци­ја­та е до­бра за­шти­та од не­са­ка­на бре­ме­ност. Се­пак, тоа се сме­та за не­без­бе­ден на­чин, а ве­ро­јат­но­ста за за­бре­ме­ну­ва­ње из­не­су­ва 18 от­сто.

Ин­те­ре­сен е по­да­то­кот де­ка и дел ги­не­ко­ло­зи­те пре­по­ра­чу­ва­ат тра­ди­ци­о­нал­на кон­тра­цеп­ци­ја.

– Спер­ми­ци­ди­те не се мно­гу без­бед­ни. Јас ги со­ве­ту­вам Ром­ки­те да ап­сти­ни­ра­ат од се­ксу­ал­ни од­но­си во те­кот на пер­и­о­дот на ову­ла­ци­ја. Ште­та е за тол­ку кра­тко вре­ме да се ко­ри­сти кон­тра­цеп­ци­ја – ко­мен­ти­ра ги­не­ко­лог со кој е пра­ве­но ин­терв­ју за исто­то истра­жу­ва­ње на „Хе­ра“.

tema156-3

По­ве­ќе еду­ка­ци­ја во учи­ли­шта­та

Спо­ред истра­жу­ва­ње­то на „Хе­ра“, 55 от­сто од уче­ни­ци­те из­ја­ви­ле де­ка на учи­ли­ште здо­би­ва­ат ин­фор­ма­ции за се­ксу­ал­но­то и ре­про­ду­ктив­но здрав­је, 63 от­сто од сред­но­школ­ци­те со кои е пра­ве­но ин­терв­ју из­ја­ви­ле де­ка по би­о­ло­ги­ја учат за за­шти­та од ХИВ, а са­мо 21 от­сто од нив ка­жа­ле де­ка уче­ле за упо­тре­ба на кон­дом по исти­от пред­мет. Са­мо 13 от­сто од уче­ни­ци­те од ал­бан­ски­те па­ра­лел­ки уче­ле за упо­тре­ба на кон­дом по пред­ме­тот би­о­ло­ги­ја.

Иа­ко из­ја­ви­ле де­ка се, ге­не­рал­но, за­до­вол­ни од на­чи­нот на кој се пре­да­ва, уче­ни­ци­те по­ба­ра­ле да се по­све­ти по­ве­ќе вре­ме на овие те­ми, а на­став­ни­ци­те да раз­го­ва­ра­ат по­о­тво­ре­но. Од „Хе­ра“ ко­мен­ти­ра­ат де­ка во учи­ли­шта­та мла­ди­те учат за кон­до­мот ка­ко за­шти­та, но се за­по­ста­ве­ни дру­ги­те мо­дер­ни кон­тра­це­пи­ски ме­то­ди ка­ко што е орал­на­та кон­тра­цеп­ци­ја.

Пишува: Билјана Зафирова
(Текст објавен во 156. број на неделникот „Република“, 28.08.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top