Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша указ со кој се забранува од сојузните фондови да се финансираат меѓународните невладини организации што го поддржуваат абортусот.
Ова ограничување имаше слична предисторија, откако првпат беше воведено во текот на мандатот на републиканскиот претседател Роналд Реган, а го укина демократот Бил Клинтон.
Во текот на осумте години од претседателствувањето на Обама, средствата беа насочени во Фондот на Обединетите нации за население (УНФПА).
Ова одлука на Доналд Трамп се очекува дека ќе предизвика загриженост и реакции кај американските здруженија за семејно планирање и за заштита на женските права. Новиот американски претседател, пак, во својата администрација се опкружи со функционери, кои отворено не се наклонети на абортусот.
Американските противници на абортусот беа мобилизирани од претходно и веќе во декември во некои сојузни држави во кои се на власт, усвоија ограничувачки мерки против абортусот.
Новиот претседател Трамп, притоа, најави дека еден жесток противник на абортусот ќе го именува во испразнетото место во Врховниот суд, што би помогнало да се поништи легализацијата на абортусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.