| четврток, 6 декември 2018 |

Холандија тешко игра дома, Турција испушти шанса да го зграби третото место (видео)

Netherlands vs Iceland

Холандската фудбалска репрезентација продолжува со лошите настапи на домашен терен во рамките од квалификациите за Европското првенство 2016 година. И откако го сменет Гус Хидинк и на негово место дојде Дани Блинд реализацијата е на многу ниско ниво.
Вчерашниот натпревар во рамките од седмото коло заврши со победа на Исланд од 1-0. „Лалињата“ беа непрепознатливи од славните денови кога беа страв и трепет за противниците и кога без проблем знаеја до врв да ја наполнат противничката мрежа. Синоќа на „Амстердам Арена“ не само што не успеја да постигнат гол туку и примија и заслужено беа поразени. Единствен стрелец за Исланд беше Сигурдсон од пенал во 51 минута и речиси ја одведе својата репрезентација на Европското првенство.

Турција во истата група А пропушти шанса да се истисне Холандија од третото место кое води во бараж натпреварите за ЕП одигрувајќи само 1-1 на домашен терен против Летонија. Турците примија гол во 92 минута од натпреварот и со тоа останаа на четвртото место. До крајот на квалификациите остануваат уште три кола и ако сакаат да се пласираат на ЕП ќе мора грчевито да се борат до самиот крај.

Селекцијата на Босна и Херцеговина со голот на Един Џеко прва победа против Белгија, но Фелаини, Де Бруин и Азар од пенал донесоа триумф од 3-1 за Белгијците, Чешка успеа да слави откако со целосен пресврт дојде до побадата над Казахстан. Герет Бејл беше човек на одлука за Велс, кој славеше со 0-1 на гостувањето против Кипар, а Грацијано Пеле го постигна единствениот гол за Италија во победата од 1-0 над Малта.

Резултати:

Група А: Чешка – Казахстан 2-1, Холандија – Исланд 0-1, Турција – Летонија 1-1.

Група Б: Белгија – Бих 3-1, Кипар – Велс 0-1, Израел – Андора 4-0.

Група Ц: Азербејџан – Хрватска 0-0, Бугарија – Норвешка 0-1, Италија – Малта 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top