| четврток, 6 декември 2018 |

Демографски инженеринг за европски работници

Тоа што ги пла­ши Европeјци­те не се тие еми­гран­ти што се еду­ци­ра­ни и мо­же да ра­бо­тат, ту­ку тие дру­ги­те, кои мо­же да вле­зат со нив. За­тоа Евро­па са­ка да ги „ин­фи­ци­ра“ дру­ги­те др­жа­ви, од­нос­но да ги пре­тво­ри во камп за де­мо­граф­ски ин­же­не­ринг во сог­лас­ност со ге­о­стра­те­ги­ски­те ин­те­ре­си на го­ле­ми­те си­ли

Бри­тан­ци­те иско­паа за­кон стар еден и пол век за да го су­дат единс­тве­ни­от еми­грант што ус­пе­ал да ги по­ми­не си­те преч­ки по­ста­ве­ни ка­ко од нај­а­по­ка­лип­ти­чен на­уч­но­фа­ста­сти­чен филм, за од фран­цу­ско­то при­ста­ни­ште Ка­ле, во це­ло­сен мрак, да го по­ми­не евро­ту­не­лот и да из­ле­зе во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја. Фран­цу­зи­те и Бри­тан­ци­те за­ед­но со пал­ки и со сол­зав­ци го шти­тат вле­зот во ту­не­лот од на­ез­да­та на еми­гран­ти. Гер­ма­ни­ја ка­ко играч што са­ка да се на­мет­не со до­бра­та вол­ја во европ­ски­те игри со еми­гран­ти­те, ја „сра­мат“ на­сил­ни­те де­мон­стра­ции про­тив ази­лант­ски­те на­сел­би. Ита­ли­ја и Шпа­ни­ја апе­ли­ра­ат со го­ди­ни ба­рај­ќи ча­ре за ил­јад­ни­ци­те пре­на­тру­па­ни пло­ви­ла со кои од Афри­ка, пре­ку Сре­до­зем­но Мо­ре, на нив­ни­те бре­го­ви се исту­ра­ат ил­јад­ни­ци еми­гран­ти. И до­де­ка сѐ уште се оста­ва на вре­ме­то да за­ле­чи сѐ, Евро­па не­ма ре­ше­ние за нај­го­ле­ма­та чо­веч­ка еми­гра­ци­ја по Вто­ра­та свет­ска вој­на не по­ра­ди фи­нан­си­и­те – ту­ку, пред сѐ, по­ра­ди опас­но­ста од из­ме­на на де­мо­граф­ска­та ма­па, ко­ја би ѝ се слу­чи­ла неп­ла­ни­ра­но.

До­бар дел од из­бег­ну­ва­ње­то за­ед­нич­ко ре­ше­ние ле­жи и во нај­а­ва­та, пре­ду­пре­ду­ва­ње­то, за­ка­на­та што ја об­ја­ви­ја џи­ха­ди­сти­те од Ис­лам­ска др­жа­ва, те­ри­то­ри­ја­та што ја кон­тро­ли­ра­ат те­ро­ри­стич­ки­те здру­же­ни­ја пред­во­де­ни од Ал Ка­е­да. За по­тсе­ту­ва­ње, си­те европ­ски ме­ди­у­ми ја пре­не­соа по­ра­ка­та на ИСИС де­ка во Евро­па ќе ис­пра­ќа­ат по­ло­ви­на ми­ли­он еми­гран­ти, сѐ до­де­ка не соз­да­дат ха­ос. Мо­же­би ток­му во таа по­ра­ка, и во ре­ал­но­ста што ги надв­ја­са се­га европ­ски­те гра­ни­ци, ле­жи при­чи­на­та за оста­ва­ње­то се­ко­ја др­жа­ва да по­ста­пу­ва ка­ко са­ка. И та­ка ѕи­до­ви­те што ги по­ста­ви­ја Ун­га­ри­ја или со­сед­на Бу­га­ри­ја да по­ми­нат без по­го­ле­ма вре­ва.

Во иста­та таа го­ле­ма сли­ка мо­же да се сме­сти и сфа­ќа­ње­то на Бри­тан­ци­те, чи­и­што соз­на­ни­ја се де­ка нај­го­ле­ма­та бе­гал­ска кри­за се слу­чу­ва на нив­на вра­та. Ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти, Фи­лип Ха­монд во Бри­та­ни­ја тур­ка мис­ле­ње де­ка нај­го­ле­ми­от број од еми­гран­ти­те се Афри­кан­ци што до­а­ѓа­ат од еко­ном­ски по­тре­би, а де­ка Бри­та­ни­ја за еми­гран­ти­те е све­ти­от грал.

Но, од­не­су­ва­ње­то кон еми­гран­ти­те што до­а­ѓа­ат од но­ви­те свет­ски жа­ри­шта, ка­ко Бли­ски­от Исток, др­жа­ви­те од се­ве­рот на Афри­ка за­фа­те­ни од Арап­ска­та про­лет, па и зем­ји­те ка­ко Авга­ни­стан и Па­ки­стан, кон европ­ски­те др­жа­ви, ле­жи и во фа­ктот де­ка го­лем дел од озог­ла­се­ни­те џи­ха­ди­сти на ИСИС се ток­му лу­ѓе што за­ми­на­ле од европ­ски­те др­жа­ви за да се бо­рат во таа но­ва вер­ска вој­на пред­во­де­на од Ал Ка­е­да. Ако не­о­дам­на нај­стра­вич­на­та сце­на во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја бе­ше ко­ле­жот што го из­вр­ши­ја двај­ца мус­ли­ман­ски до­се­ле­ни­ци врз бри­тан­ски вој­ник-по­врат­ник од Бли­ски­от Исток, се­га до­пол­ни­те­лен страв сее и нај­го­ле­ми­от ег­зе­ку­тор на ИСИС, кој е мом­че од Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја. Се­ка­ко, ту­ка се и стра­ву­ва­ња­та од по­вто­ру­ва­ње­то на „Шар­ли Еб­до“ и ни­за дру­ги те­ро­ри­стич­ки ак­ции по­вр­за­ни со џи­ха­ди­сти­те, чи­и­што сли­ки за „обу­ка на подм­ла­до­кот“ се ди­стри­бу­и­ра­ат пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи.

 

Еми­грант­ски камп или ре­гру­тен цен­тар

Иа­ко изг­ле­да де­ка се пла­ши од поп­ла­ва од еми­гран­ти и од со­вре­ме­на „ис­ла­ми­за­ци­ја“ и те­рор на европ­ски­те ули­ци, про­фе­со­рот од Еко­ном­ски­от фа­кул­тет, Сла­ве Ри­сте­ски, кој се за­ни­ма­ва со де­мо­граф­ски­те пра­ша­ња, по­со­чу­ва де­ка овој нап­лив на еми­гран­ти, се­пак, е дел од но­ва со­вре­ме­на ре­ди­стри­бу­ци­ја на ра­бот­на си­ла.

- Спо­ред мо­е­то мис­ле­ње се слу­чу­ва­ат но­ви про­ме­ни во све­тот, но­ва ре­ди­стри­бу­ци­ја, но­ва со­вре­ме­на еми­гра­ци­ја, про­це­си, мо­же­би, свес­но, по не­кое сце­на­рио за да се из­вр­ши ба­лан­си­ра­ње на ра­бот­на­та си­ла, ко­ја Евро­па ја не­ма, а ба­ра из­во­ри на но­ва ра­бот­на си­ла. На при­мер, во­деч­ка­та еко­но­ми­ја, Гер­ма­ни­ја, пос­лед­ни­те 20-30 го­ди­ни има не­га­тив­на ста­вка на на­та­ли­тет – по­со­чу­ва Ри­сте­ски.

- И оваа што се слу­чу­ва се­га е ор­га­ни­зи­ра­на еми­гра­ци­ја, са­мо се тре­ти­ра ка­ко иле­гал­на. Стра­да­ат же­ни и де­ца, но, се­пак, е сце­на­рио на моќ­ни си­ли, на из­во­ри­те на еми­гра­ци­ја­та. Во ос­но­ва се пра­ви ре­ди­стри­бу­ци­ја, ко­ја, мо­же­би, е иле­гал­на, но е смис­ле­на. Се пра­ви се­лек­ци­ја на со­вре­ме­на ра­бот­на си­ла. Ви­де­те, на гра­ни­ца­та че­ка­ат мла­ди уба­ви мом­чи­ња, кои зна­ат анг­ли­ски и дру­ги ја­зи­ци, кои се еду­ци­ра­ни. Го­ле­ма­та Евро­па има не­га­ти­вен при­раст и стра­ву­ва за со­вре­ме­на ра­бот­на си­ла, не фи­зич­ка ка­ко во 80-ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век, ту­ку мо­дер­на, ко­ја има ка­ра­кте­ри­сти­ки што ги на­ла­га ин­фор­ма­тич­ко­то оп­штес­тво. Дру­го, нив­ни­те де­ца (во Евро­па) не са­ка­ат да ра­бо­тат ка­ко нив­ни­те та­тков­ци, ту­ку тие се по­тро­шу­вач­ки, кон­су­мент­ски на­стро­е­ни. Та­ка, европ­ски­те др­жа­ви стра­ву­ва­ат не од нив, од тие еми­гран­ти, ту­ку од тие што се пров­ле­ку­ва­ат со нив. Нав­ле­гу­ва­ат це­ли се­мејс­тва, па стра­ву­ва­ат од за­гро­зу­ва­ње на на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет, ме­ша­ње, иа­ко со­вре­ме­на­та мо­дер­на еми­гра­ци­ја го над­ми­ну­ва тоа. На при­мер, кол­ку ми­ли­о­ни Тур­ци има во Гер­ма­ни­ја? Проб­ле­ми со „ис­ла­ми­за­ци­ја“ се слу­чу­ва­ат и во Фран­ци­ја, на при­мер, но та­му бр­зо из­ле­гу­ва­ат на крај со тоа. Се во­ди се­ле­ктив­на еми­гра­ци­ска по­ли­ти­ка и го­лем дел од до­се­ле­ни­ци­те се прис­по­со­бу­ва­ат на но­ви­те за­ко­ни и про­ме­ни. Та­ка, во ЕУ не се пла­шат да ги сме­стат еми­гран­ти­те, ту­ку са­ка­ат да ги „ин­фи­ци­ра­ат“ и дру­ги­те др­жа­ви. Та­ква­та си­ту­а­ци­ја ста­ну­ва опас­ност за сла­би­те и не­раз­ви­е­ни зем­ји, кои, исто та­ка, има­ат проб­лем со на­та­ли­те­тот, ка­ко Ма­ке­до­ни­ја и Ср­би­ја, на при­мер – до­да­ва Ри­сте­ски.

Во на­со­ка на та­кво „ин­фи­ци­ра­ње“ ака­де­мик Ка­ти­ца Ќу­ла­вко­ва оце­ну­ва де­ка ста­ну­ва збор за де­мо­граф­ски ин­же­не­ринг, од­нос­но нов „ред“ во сог­лас­ност со ге­о­стра­те­ги­ски­те ин­те­ре­си. Таа јав­но пра­ша: „Зо­што не на­пра­ват камп за ази­лан­ти во за­пад­но­е­вроп­ски­те др­жа­ви?“ Во сво­јот став пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи зак­лу­чи: „Ма­ке­до­ни­ја на­ско­ро ќе ста­не ази­лант­ски камп, а не тран­зит­на зо­на на ази­лан­ти­те“.

- Зем­ји­те-член­ки на ЕУ по­ди­га­ат ѕи­до­ви пред ази­лан­ти­те, по­ста­ву­ва­ат спе­ци­јал­ни са­те­ли­ти за кон­тро­ла на гра­ни­ци­те, за­си­лу­ва­ат без­бед­нос­ни мер­ки, не из­би­ра­ат средс­тва да го спре­чат овој бран (сти­му­ли­ран не са­мо од чо­веч­ка­та не­сре­ќа), зна­чи не­ма­ат на­ме­ра да ги при­мат ази­лан­ти­те. Ко­ја им е то­гаш на­ме­ра­та, не е те­шко да се прет­по­ста­ви. Де­мо­граф­ски ин­же­не­ринг, соз­да­ва­ње ха­ос за да се на­пра­ви нов „ред“ во сог­лас­ност со нив­ни­те ге­о­стра­те­ги­ски ин­те­ре­си (те­ри­то­ри­ја, чо­веч­ки ре­сур­си, енер­ген­ти, во­да за пи­е­ње, кул­тур­но и при­род­но бо­гат­ство), но­ва „бал­ка­ни­за­ци­ја“, ре­ди­зај­ни­ра­ње на др­жа­ви­те… – на­пи­ша Ќу­ла­вко­ва.

Тоа ин­фи­ци­ра­ње и вос­по­ста­ву­ва­ње нов ред се вр­ши со фор­ми­ра­ње „там­пон-зо­на“ со кам­по­ви над­вор од гра­ни­ци­те на ЕУ, на те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја и на Ср­би­ја, до­де­ка Гр­ци­ја – ка­ко член­ка на Уни­ја­та – ги тур­ка еми­гран­ти­те во Ма­ке­до­ни­ја, а Бу­га­ри­ја и Ун­га­ри­ја гра­дат ѕи­до­ви за да го спре­чат не­кон­тро­ли­ра­ни­от про­то­кот на еми­гран­ти. Ако се зе­мат пред­вид две­те про­фе­сор­ски твр­де­ња, кам­по­ви­те би ста­на­ле ре­гру­тен цен­тар за из­бор на но­ва­та ра­бот­на си­ла, до­де­ка со „не­при­јат­но­сти­те“ би се со­о­чу­ва­ле бал­кан­ски­те зем­ји. Исти­те кам­по­ви по­тоа, до­кол­ку е тоа по­треб­но, лес­но мо­же да би­дат кон­тро­ли­ра­ни за кре­и­ра­ње кри­зи.

aktuelno156-2

Бал­ка­нот ме­ѓу че­ка­нот и на­ко­вал­на­та

До­кол­ку се разг­ле­ду­ва слу­ча­јот со Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и еми­гран­ти­те што че­ка­ат во Ка­ле, а во кон­текст на твр­де­ња­та за ре­ди­стри­бу­ци­ја­та на ра­бот­на си­ла ме­сто за при­фа­ќа­ње ази­лан­ти, ин­те­ре­сен е фа­ктот де­ка ла­ни, од приб­лиж­но 26 ил­ја­ди ба­ра­ња за азил, др­жа­ва­та при­фа­ти­ла 10 ил­ја­ди. Од дру­га стра­на, не се ра­бо­ти за бе­гал­ци за­ра­ди си­ро­ма­шти­ја, ка­ко што ги прет­ста­ву­ва Лон­дон, а ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца не го приз­на­ва ка­ко при­чи­на за до­де­лу­ва­ње азил, ту­ку по­ве­ќе од 70 про­цен­ти од нив се лу­ѓе од Си­ри­ја, Ери­тре­ја, Авга­ни­стан, Дар­фур, Ирак, Со­ма­ли­ја, др­жа­ви, кои, спо­ред ОН, се зем­ји уни­ште­ни од вој­ни, ди­кта­тор­ски уг­не­ту­ва­ња и од вер­ски ек­стре­ми­зам, со што се ква­ли­фи­ку­ва­ни да до­би­јат за­кон­ско пра­во да се за­сол­нат во Евро­па.

Тоа што де­не­ска све­тот све­до­чи за од­не­су­ва­ња­та на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја кон еми­гран­ти­те „заг­ла­ве­ни“ во Ка­ле, не е мно­гу по­и­на­кво од од­но­сот што Бри­тан­ци­те и дру­ги­те „ста­ри“ Евро­пеј­ци го имаа кон Пол­ја­ци­те, Бу­га­ри­те или кон Ро­ман­ци­те по про­ши­ру­ва­ње­то на Европ­ска­та уни­ја.

Ре­ла­тив­на­та еко­ном­ска и по­ли­тич­ка ста­бил­ност во Уни­ја­та се тие што ја пра­ват прив­леч­на за еми­гра­ци­ја, на­ве­ду­ва и Евро­стат, аген­ци­ја­та за ста­ти­сти­ка, ко­ја ги сле­ди и овие про­ме­ни во Уни­ја­та. Пос­лед­ни­те по­да­то­ци по­ка­жу­ва­ат де­ка на пр­ви ја­ну­а­ри 2014 го­ди­на во ЕУ жи­ве­е­ле 19,6 ми­ли­о­ни гра­ѓа­ни што не се од Уни­ја­та, до­де­ка бро­јот на си­те тие што би­ле ро­де­ни над­вор од Уни­ја­та из­не­су­вал 33,5 ми­ли­о­ни гра­ѓа­ни. Об­но­ве­ни­те по­да­то­ци од оваа го­ди­на по­ка­жу­ва­ат де­ка најм­но­гу стран­ци се за­бе­ле­жа­ни во Гер­ма­ни­ја, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Ита­ли­ја, Шпа­ни­ја и во Фран­ци­ја. Во овие пет др­жа­ви жи­ве­ат 76 про­цен­ти од вкуп­ни­от број стран­ци во Уни­ја­та.

Про­цен­тот на стран­ци што се пре­бро­е­ни од Евро­стат, всуш­ност, е во го­ле­ма ме­ра по­вр­зан со на­та­ли­те­тот во тие др­жа­ви. Ток­му раз­ви­е­ни­те др­жа­ви во Евро­па спо­ред де­мо­гра­фи­ја­та се зем­ји со алар­ман­тен пад на на­та­ли­те­тот и на фер­тил­на­та ба­за. И ним најм­но­гу им е по­треб­на ре­ди­стри­бу­ци­ја на ра­бот­на си­ла. Стра­вот од ши­ре­ње­то на ек­стре­ми­стич­ки­от ис­лам, исто та­ка, е го­лем. И ток­му во тој мо­мент Бал­ка­нот е пре­поз­на­ен ка­ко ме­сто­то ме­ѓу че­ка­нот и на­ко­вал­на­та.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 156. број на неделникот „Република“, 28.08.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top