| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага бара од Владата во Косово да прифати три илјади сириски бегалци

јах

Претседателка Атифете Јахјага побара од косовската влада да прифати сириски бегалци што се останати по улиците низ ЕУ.

Таа изјави дека бегалците може да се сместат во објектите каде што престојувал КФОР.

Како што пренесува изданието на интернет на весникот „Газета експрес“ Јахјага побарала да бидат прифатени до три илјади бегалци од Сирија.

Околу ова прашање таа претходно разговарала со министерот за труд и социјални работи Арбан Абраши од кого побара да се разгледаат сите можности и капацитети дали Косово може да се солидаризира и да згрижи бегалци од Сирија.

Како што понатаму наведува весникот најмногу бегалци има во Германија, Унгарија, Македонија, Србија, Грција и во Турција.

Синоќа во центарот на Приштина граѓани палеа свеќи во знак на почит за удавениот тригодешен Ајлин Курди и неговото братче, чиишто потресни фотографии го обиколија светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top