Според МВР, вчера се повредиле двајца градежни работници, но, за среќа, преживеале.
Вчера, околу 11 часот, 49-годишниот М.У. од скопското село Бујковци паднал од скеле додека местел водоводни цевки во населбата Лисиче, додека А.Г. се повредил додека копал ров за градежни активности на Адвокатската улица во Скопје. Двајцата повредени биле однесени во болница, каде што се задржени на лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.