
Кина ја одбележа 70-годишнината од крајот на Втората светска војна и капитулација на Јапонија. 12 000 војници маршираа под погледот на претседателот Кси Џинпинг и голем број официјални гости, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин. Воената парада во Пекинг на најбројната армија во светот е импресивна.
Над 12 000 војници и околу 1.000 од репрезентативните делови на 17 држави, меѓу кои Русија, Пакистан, Србија, Мексико, парадираа во кинеската престолнина. Во парадата учествуваа и околу 500 единици на воена техника и 200 авиони.
-Кина никогаш нема да бара помош ниту проширување. НИкогаш нема да наметнува патење над други нации- рече претседателот Џинпинг кој најави намалување на бројноста на армијата за 300 илјади војници.
На парадата не дојдоа лидерите од западните демокраии, како Барак Обама или Ангела Меркел.
На парадата за прв пат е претставено и ново оружје, балистички ракети наречени „Убијци на носачи на авиони“, за кое последните години се шират многу шпекулации во воените кругови за неговите способности со што би се смениле односите на силите во Тихиот океан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


