| четврток, 6 декември 2018 |

Починал основачот на ДУИ

kasami

Абдилахим Касами, член на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција и еден од основачите на оваа партија, вчера на 58-годишна возраст почина од срцев удар.
Од партијата известија дека како млад иселеник во Данска, Касами се придружил на албанското движење, а во Македонија се вратил во 2001 година, каде се придружил во формирањето на ДУИ. Во периодот од 2002 до 2006 година, тој бил финансиски директор на партијата.
Касами ќе биде погребан денеска на муслиманските гробишта во Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top