Пријавениот, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, во текот на минатата година, во својство на службено лице – работник со лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, незаконски издал 22 одобренија за сеча на приватна шума, без комплетна документација и одобрил сеча на 1.470 кубни метри дрвна маса.
– Постапил спротивно на правилникот за видот и евиденција на сеча и ги издал одобренијата за сеча на повеќе локалитети во Струшко, иако странките не го доставиле потребниот геодетски елаборат, туку приложиле скица од теренско мерење и технички извештај. Пријавениот А.К. овозможил противзаконска сеча на 387 кубни метри дрва во корист на барателите, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 97.524 денари, изјави Димоски.
Во два предмети, додаде, пријавениот издал испратници за поголема количина дрва од претходно одобрената со што им овозможил на барателите за сеча да се стекнат со противправна имотна корист од 109.125 денари.
– Во осум други предмети, пријавениот А.К. потполнил и издал испратници за транспорт на пресечените дрва, кои приватните лица ги пренесле до крајната дестинација, неуплатувајќи ги потребните парични средства, законски предвидени во Законот за шуми, со што бил оштетен буџетот на Република Македонија во износ од 164.612 денари – рече Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.