Во Полициска станица Гази Баба, 26-годишниот Б.Н. од селото Арачиново, пријавил дека движејќи се во Парк шумата во Гази Баба, од страна на четири непознати маскирани лица му било извршено разбојништво.
Тие го застанале и едно од лицата го удрило со боксирач во пределот на главата додека другото лице го фатило за ременот и почнало да го влече по земја по што тој паднал во безсознание.
По некое време откако дошол при свест, лицата ги немало и забележал дека од џебот од фармерките му го нема паричникот во кој имало 600 евра и 3.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шума на стравот: Овде синоќа е пронајдено телото на обезглавената жена (галерија)
-
Дивее пожар во ресенско, гори борова и дабова шума
-
Трајковски: Градба на училиште, спортска сала, набавка на комунални возила, проширување на улици во Хиподром
-
Трајковски со докази го замолкна Георгиевски: Ветуваш проекти кои се реализирани