| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар од денеска ги пушти во продажба сезонските билети за ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Вардар од денеска ги пушти во слободна продажба сезонските билети за новата натпреварувачка сезона во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ ќе одиграат седум натпревари на домашен терен по измените што ги направи ЕХФ. Како што информираат од раководството на „црвено-црните“, во следните четири дена, од четврток (3 септември) до недела (6 септември) во периодот од 10 до 18 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ сите заинтересирани ќе можат да купат сезонски билети за сите домашни натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите.

Како што е познато управата на клубот ќе пушти во продажба две различни категории на билети, па така сезонскиот билет за навивачката трибина „на стоење“ ќе изнесува 800 денари, додека цената на сезонски билет за трибините за седење изнесува 2.500 денари.

Вардар сезонава ќе одигра седум натпревари на домашен терен во ЛШ, против Монпелје, Барселона, Рајн Некар, ПИК Сегед, Кристијанштад, Кјелце и КИФ Колдинг.

„Вардарци“ првиот домашен натпревар во ЛШ сезонава ќе го играат на 27 септември, кога во Скопје ќе ги одмерат силите со унгарскиот вицешампион Пик Сегед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top