Фудбалската репрезентација на Македонија назадуваше едно место на септемвриската ранг-листа на ФИФА и сега се наоѓа на 104. место во пресрет на двата квалификациски натпревари против Луксембург и спектаклот против Шпанија, кој се игра на 8 септември на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Клучни за евентуалниот скок на на следната ранг-листа ќе бидат овие два натпревара. Луксембург забележи скок од четири места и сега се наоѓа на 141. место, додека Шпанија остана на 11. место.
Од другите противници на Македонија во групата, Словачка е 15. со пад од едно место, Украина е 29. со скок од една позиција, а Белорусија е на 97. позиција, исто така, со пад од едно место.
На врвот на листата само една промена во однос на минатиот месец и тоа Англија падна за две, а Чиле скокна за две позиции и овие две селекции си ги сменија позициите во топ 10, па Гордиот Албион сега е десетти, а јужноамериканскиот првак на осмото место. Аргентина е прва, пред Белгија, Германија, Колумбија, Бразил, Португалија, Романија, Чиле, Велси и Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.