| четврток, 6 декември 2018 |

Издадена наредба за апсење на претседателот на Гватемала

Гватeмалскиот суд издаде наредба за апсење на претседателот Ото Перес Молина под обвинение дека раководел со голема корупциска шема во царината.

molina

Во вторникот Парламентот му го одзеде имунитетот на претседателот Молина. За одземање на имунитетот гласаа 132 од 158 пратеници.

Адвокатот на претседателот Молина изјави дека неговиот клинет е подготвен да соработува со истрагата.

Молина, 64-годишен генерал во оставка, кој е на власт е од 2012 година, обвинет е дека раководел со голема корупциска шема во царината, преку која царинарниците земале мито за да им помогнат на фирмите да избегнат плаќање на царина.

На 21 август приведена е и заменик-претседателката на Гватемала, Роксана Балдети под сомнение дека е вмешана во корупциската шема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top