| четврток, 6 декември 2018 |

Теоретичарите на завери со нова прогноза: На 23 септември е крај на светот! (видео)

Шест огромни астероиди се движат кон Земјата во која ќе удрат во периодот меѓу  21. и 28 септември, а најверојатно тоа ќе се случи на 23 септември! Така барем тврдат теороетичарите на завери.

По низа слични прогнози, меѓу кои беше и крајот на календарот на древните Маи, кој имаше најмногу поддржувачи, крајот на светот и крајот на животот на нашава планета повторно е актуелен. Овој пат поборниците на оваа идеја тврдат дека свемирската карпа со размер од 2,5 километри ќе удри во Порторико, а тоа според сите правила би морало да предизвика катаклизма од светски размери. Таканаречените пророци дури тврдат дека доказите за овие тврдења ги пронашле во Библијата, односно во библискиот код.

Уште еден во низата докази е и тоа што овој датум се поклопува со еден од „крвавите месеци“, што се случиле во последните година и половина. Еден од самонаречените пророци, свештеникот Ефраид Родригез рече дека предупредувањето го испратил и до НАСА откако го погодила порака директно од Бог.

Се разбира кога се во прашање вакви црни прогнози кои се однесуваа на катаклизма која наводно доаѓа од вселената, по правило се огласува и НАСА, за да ги смири оние кои веруваат во самонаречените научници и пророци. Овој пат се јави Пол Чодас од лабараторијата за млазен погон на НАСА која се занимава со следење на објекти во вселената кои биле или се блиску до Земјата и во некој момент би можеле да не загрозат.

Неговата порака беше мошне едноставна:

– Не постојат докази дека астероид или било кое дрго небесно тело се наоѓаат на пат кон Земјата со цел да удрат во неа, рече Чодас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top