Доколку астероид удри во земјата, луѓето би умирале во страшни маки!
Во случај на удар на голем астероид во Земјата, луѓето би страдале од јаки удари на ветрови и нагли промени на притискот – дури 60 отсто од смртта би настанале токму од тие причини, нагласуваат научниците.
Врелината на астероидот би била одговорна за 30 отсто од смртните случаи.
Во цунами, кои би биле последица од ударот, би биле убиени одреден број на луѓе, додека најмалку би настрадале од земјотрес, само 0,17 отсто.
Во рамки на истражувањето, научниците виртуелно користеле модели, како би ја бомбардирале земјата со повеќе од 50.000 вештачки астероиди со пречник од 15 до 400 метри.
На основа на тие модели, направени се проценки кој вид на последици би бил најсмртоносен.
Врелината на астероидите може да се избегне со криење во подрум или други подземни места, напоменуваат научниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.