| четврток, 6 декември 2018 |

Северина откри: Во ноември ќе се венча со Игор

Северина Вучковиќ откри дека во текот на ноември ќе се омажи за Игор Којиќ. Среќната двојка неодамна се врати од Ибица, а пејачката вели дека одморот бил пензионерски, и дека се вратиле одморени и искапени.

Севе неодамна пееше во Нови Бечај, а за првпат во публика беа и родителите на Игор. По концертот таа откри дека новиот албум, кој ќе ѝ го претстави на публиката до крајот на годината, му го посветува токму на Игор.

Популарната пејачка покрај за новиот албум се пофали и со тоа што до крајот на годината планира и свадба. Имено, на прашањето на новинарите дали ќе се омажи во октомври или во ноември, пејачката кратко одговори
– Ноември… ноември е убав месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top