-Во втората половина на август почнуваме со рехабилитација на пет регионални патни правци во должина од 70 километри, инвестиција вредна 22 милиони евра, рече премиерот Груевски.
За реканско-дебарскиот крај започна со градба патот Маврово – Жировница – Дебар, кој во првата фаза вклучува изградба на делницата Ново Село – Маврово а потоа и продолжување на целокупната траса. Инвестиција вредна 8 милиони евра. Патен правец кој е од особена важност за целиот овој регион и кој директно се однесува на стотина илјади жители.
Во овој регион започна со градба и регионалниот пат Тетово – Брвеница – Чегране – Гостивар, инвестиција во вредност од 1,8 милиони евра, која е од особена важност за целокупниот полошки регион и претставува излегување во пресрет на барањата на граѓаните од овој регион.
Започнаа и градежните работи на регионалниот патен правец Мокрино – Смолари за што се инвестираат 1.6 милиони евра и со овој патен правец значително ќе се ослесни пристапот на граѓаните од овој регион од причина што драстично ќе им биде скаретно времето за патување.
Следниот ден во струмичко-дојранскиот регион започнаа и градежните работи на уште еден регионален пат, патот Дојран – Николиќ, што претставува исто така важен патен правец за овој регион, како за граѓаните така и за индустриските капацитети лоцирани во овој регион но и за дополнителниот развој на туризмот.
Со отпочнувањето на изградбата на овие 4 регионални патни правци и започнатите подготовки за отпочнување со градежни работи и на петиот регионален пат Битола – Ресен – Буково, практично се врши исклучително значајна инвестиција во подобрувањето на регионалните патни правци во сите региони на државата. Инвестиции кои се дел од вкупните капитални инвестиции на Владата за подобрување на патната инфраструктура во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.