| четврток, 6 декември 2018 |

Почина 20-годишен охриѓанец во сообраќајката кај Лагадин

пол

Почина 20-годишниот охриѓанец, кој беше еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа помеѓу мотор и автомобил што вчера околу 15 часот се случи на патот Охрид – Свети Наум, кај Лагадин.

Како што информира МВР, вчера околу 15.00 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Лагадин, се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“ со охридски регистерски ознаки управувано од П.П. (30) од с. Косел и моторцикл „хонда“ со охридски регистерски ознаки управуван од Б.С.(17) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повредни се здобиле Б.С., кој бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје и неговиот сопатник Тони Т. (20) од Охрид, кој бил пренесен во охридската болница Св.Еразмо, каде околу 20.20 часот им подлегнал на повредите.

СВР-Охрид изврши увид, а сообраќајот вчера од 15.00 до 16.30 часот беше во прекин. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top