| четврток, 6 декември 2018 |

Канада западна во рецесија

канада

Канадската економија во другиот квартал од годината се намали за 0,5 отсто откако во првиот квартал забележа пад од 0,8 проценти, со што земјата првпат по финансиската криза западна во рецесија.

Веста за рецесијата ќе влијае на претстојните избори најавени за 19 октомври, а економистите очекуваат заздравување на економијата во третиот квартл. За падот на домашниот бруто-производ ги обвинуваат ниските цени на нафтата. Канада е петтиот најголем производител на нафта во светот.

Тоа е втора рецесија во Канада во последните седум години и таа е единствена земја-членка на Г7 која во моментот бележи пад на БДП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top