| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Со измислени анкети СДСМ ја покрива демотивацијата на своето членство

вмроПлусинфо, Либертас, А1он и другите соросови и опозициски портали и медиуми, денеска дрско излажаа дека ИРИ има нова анкета и дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е само 3%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ИРИ демантираше дека не постои нова анкета, што потврди дека Плусинфо, Либертас и А1он дрско лажат. Ниту едното, ниту другото е точно од тоа што го објавија порталите на СДСМ. Вакви информации пласираат и ќе пласираат во иднина, се со цел да ја прикријат очигледната демотивација кај членството на СДСМ, кое бара објаснување од Заев, зошто и покрај сите материјали и деструкција, ништо не успеа да постигне и ја носи СДСМ во избори на кои што го чека убедлив пораз. Многу се жални ако мислат дека со измислени и лажирани вести ќе успеат да ја добијат поддршката од граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top