Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 15 часот на магистралниот патен правец Охрид-Свети Наум, кај населбата Лагадин.
Несреќата се случила при директен судар на патничко моторно возило и моторцикл, при што тешко се повредени двете лица кои се превезувале на моторот.
Повредените лица се згрижени во Општата болница во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши полицијата. За време на увидот сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.