За лидерот на СДСМ, Зоран Заев, предвремените парламентарни избори закажани за април 2016-та се нус-производ. На Заев му се “лизна“ признание. Тој призна дека не сака да се соочи на избори со политичката конкуренција, дека тој не посакува избори.
Медиумите одамна пишуваат дека опозицискиот лидер се плаши од избори и сака да избега од нив. Партискиот рејтинг, неуспехот на неговото сценарио и слабата поддршка се доволни причини за тоа.
Но, со цел да го раздвижи своето членство, Заев помпезно најавува дека следуваат избори, а пред симпатизерите тврди дека на тие избори тој ќе биде победник.
Заев не ја говори вистината. Тоа го призна и самиот. За него изборите се нус-производ затоа што тој би направил се истите да не се одржат. Овој политичар многу добро знае со што ќе се соочи за 9 месеци- со одговорот на граѓаните кој тој не го посакува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


