Во осумте основни училишта во општина Аеродром годинава ќе учат околу 6.000 ученици, од кои околу 900 се првачиња.
Според податоците за бројот на ученици во општина Аеродром, бројот на првачиња расте секоја година. Така, минатата и предминатата година имало запишани по околу 800 првачиња, во 2012 година 780, додека во 2011 година само 600 првоодделенци.
– Во текот на летото, додека траеше ученичкиот распуст, училиштата се подготвуваа за успешен старт на новата учебна година, при што дел од училиштата беа реновирани, онаму каде што имаше пoтреба беа извршени поправки, дел од училниците, канцелариите, ходниците и фасадите беа варосани и исчистени, а дворовите уредени, се наведува во соопштението.
Општина Аеродром, како што информираат, набави училишна облека за учениците од основните училишта на нејзината територија и за оваа 2015/2016 учебна година, со што продолжува традицијата што почна минатата година учениците од сите основни училишта во општината да носат училишна облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Пиеле вода помешана со фекалии, три дена распуст за учениците во „Димитар Миладинов“
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж


