| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Јунајтед избраа, Бест, Роналдо, Кантона, Бекам и Робсон се најдобрите со „седумката“ (видео)

Soccer - Gary Neville Testimonial - Manchester United v Juventus - Old Trafford

Славната „седумка“ на Манчестер Јунајтед ја носеле големи и славни фудбалски имиња од целиот свет. Тој е бројот на дресот кој е мит за навивачите на „црвените ѓаволи“.
Во последниот период многу фудбалери го носеа овој број на дресот, големи фудбалери како Анехл Ди Марија, Мајкл Овен, Антонио Валенсија, но „бебињата“ не се задоволни од тоа како одговорија на предизвикот, па сега уште на самиот старт на сезоната се надеваат дека токму Мемфис Депај може да биде наследник на славните имиња на клубот.

На официјалната фејсбук страница на Манчестер јунајтед навивачите бираа пет најдобри фудбалери кои го носеле бројот седум, и на крајот одлучија дека тоа е легендарниот Џорџ Бест.

Зад него на листата следи Кристијано Роналдо, па Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Брајан Робсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top