| четврток, 6 декември 2018 |

Карванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Штип

кука2

Караванот „Купи куќа, купи стан“ што го организира Министерството за финансии утре ќе биде во Штип. Презентацијата за поволностите на проектот ќе се одржи во општинската зграда во 17:30 часот.

На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Штип кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, меѓу кои Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top