Две машки лица со прострелни рани се пронајдени синоќа околу 19 часот во патничко моторно возило „ровер 75“ со охридски регистарски таблички, во нива кај селото Долно Количани, на патот кон селото Драчево.
Како што потврдија од МВР за МИА, јавен обвинител и полициски службеници на местото извршиле увид, при што е пронајден еден пиштол. Телата на двете машки лица ќе бидат предадени за обдукција.
Засега е идентификуван возачот на „роверот“, Светислав Р. (1987) од Кичево, кој вчера бил пријавен и за исчезнат, а се работи на идентификување и на второто лице пронајдено со прострелни рани во автомобилот.
Според првичните сознанија, најверојатно се работи за убиство и за самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.