| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца маскирани ограбиле маркет спроти ТЦ„Буњаковец“

Две непознати маскирани лица синоќа со закана со пиштол извршиле разбојништво во маркет спроти Трговскиот центар „Буњаковец“.

Разбојништвото било пријавено синоќа во 21:55 часот во Единицата за известување и командување Скопје.

Сторителите со закана со пиштол од вработената одзеле неутврдена сума пари од дневниот промет, по што побегнале во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top