Лех Валенса, првиот претседател на централно европските земји по падот на комунизмот во 1989 година, за руската агенција изјави:
– Има двајца Путиновци. Едниот ја разбира Европа и светот, и се обидува да ја заштити својата земја. Тој ја реформира Русија. Тој во ова успева, но не секогаш. На таков претседател треба да му се помага.
– Меѓутоа постои уште еден Путин, соработник на КГБ. Тој му вели на Западот: Ќе се исправам на нозе и тогаш ќе видите. Ќе ја обновам СССР, дополни Валенса и продолжи: Ние не треба да се согласуваме со таквата позиција. Јас лично не можам да проценам која од двете личности преовладува во Путин, првата или втората. Според мене ситуацијата е 50 на 50.
Путин го смета распадот на Советскиот Сојуз за трагедија, но господарот на Кремљ сепак беше категоричен дека нема да ја обновува првата социјалистичка држава во светот.
Полскиот политичар го обвини рускиот претседател за дволичност. Ако Путин не сакал да создава нов СССР, тогаш зошто го окупира Крим, праша тој реторички.
Валенса додаде: Зошто Русија постапи така? Таа е богата држава. Русија треба да биде мудра. Порано времињата беа други. Колку ти е поголема територијата, толку е подобро. Сега сепак живееме во друга ера. Неможеш да ги земаш туѓите играчки неказнето, како што беше во минатиот век.
Западот ја обвинува Русија, која во март 2014 година, по признат само од Москва референдум, си го присоедини украинскиот црноморски полуостров со кршење на меѓународните правни норми.
Кремљ одговара дека, мнозинството од учесниците во анкетата побарале да станат дел од најголемата по територија земја во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.