Народен театар – Куманово веќе од септември ја започнува новата сезона. Актерот во НУЦК „Трајко Прокопиев“, Мирослав Петковиќ, соопшти дека првата претстава во новата сезона ќе биде „Ауденција“ на која тој самиот е режисер, а во неа главните улоги ќе ги играат Чедомир Митевски и Горан Илиќ.
– Ауденција е текст кој е напишан на крајот на 20 век и според мене е една голема и конретна дефиниција за целиот 20 век, но поинтересна, барем ние така го гледавме, затоа што темата што ја обработува се наметнува да биде наслов на 21 век. Тоа е текст во кој се зборува за двајца луѓе, професионалци во своите професии, и треба да направат разговор во четири очи и мислам дека тоа е проблемот во 21 век, што мора да се направи разговор во четири очи но мора да има пет души – вели Мирослав Петковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.