| четврток, 6 декември 2018 |

Филе доаѓа во Скопје ден по изборите

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе доаѓа во Скопје следниот вторник, објави Канал 5 повикувајќи се на извори од Брисел.

Филе ќе допатува во земјава само ден по вториот изборен круг, а ќе го придружува и првиот човек на директоратот за проширување Стефано Санино.

 Целта на посетата и фокусот на разговорите, како што јави Канал 5, е високиот пристапен дијалог што Македонија го води со Европската Комисија, а ќе бидат пренесени и првичните оценки за вонредниот извештај на комисијата за земјава.

Освен заедничката средба на владината делегација и онаа на европската комисија, Филе предвидено е да има одделни средби со премиерот Груевски, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, но не се исклучува можноста да се види и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top