Брисел не е добро место за живеење на странците, постојано е студено и врме, загадено е, а месото е свинско, се наведува во спотот на белгиската ултранационалистичка партија „Вламс беланг“ или „Фламански интерес“ емитуван на телевизијата ВТМ. Во спотот се тврди дека Брисел е пренатрупан од луѓе и нема повеќе место за нови странци.
– Ако сакате да го избегнете расизмот останете си дома, изјавува момче на холандски јазик, а неговата порака е преведена и на француски јазик.
Во пораката се истакнува дека системот за социјална помош е пред банкрот и оти новодојдените странци треба добро да си ги пресметаат приходите. Како друг недостаток се посочува дека во многу квартови се појавиле „смрдливи гета“. Не доаѓајте во таква мизерија, останете си дома, изјавуваат „случајни граѓани“ анкетирани за кампањата. Според нив десетици илјади странци скапо го чинат градот, а локалните власти се соочуваат со тешкотии да им најдат сместување.
– Во Брисел има многу кучиња, мали и големи, ако не ги сакате не доаѓајте тука; возовите во Белгија често доцнат и можете да задоцните на работа или во службата за социјална помош. Најверојатно животот во татковината ви е многу подобар, се истакнува на крајот од спотот.
Кампањата првенствено е насочена кон странците со неевропско потекло односно кон муслиманите.
Следува еден од видеоспотовите во кампањата на оваа партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


