| четврток, 6 декември 2018 |

Ештон: Договорот на дофат

taci dacicВисокиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска истакна дека верува оти договорот меѓу Белград и Приштина е на дофат на рацете, додавајќи оти постигнувањето на договор нема да биде лесно.

Ештон наведе дека уште на првата средба меѓу Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во нејзината канцеларија видела „посветеност и одлучност на двете страни да постигнат договор“.

– Верувам дека делегациите кои утре доаѓаат тоа го прават во духот на изнаоѓање на решенија во интерес на народите кои ги претставуваат и за подобра иднина за сите нив. Не смееме да дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса, наведе Ештон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top