Американското списание „Форбс“ секоја година ја прави листата на најбогатите луѓе на светот, а оваа година направија интересна инфографија: што можат 1.426 милијардери да направат со своето богатство?

Конкретно, кога ќе се соберат богатствата на сите регистрирани милијареди на листата на „Форбс“, добиваме бројка од 5,4 билиони долари.
Кога сите би живееле во една земја, таа би била побогата од Герамнија, ама малку посиромашна од Јапонија.
Кога тие би ги поделиле парите меѓу себе, односно своето богатство, секој од нив би добил по 3.809.123.422,16 долари. Но, кога би го поделиле своето богатство со сите жители на земјата, секој од нас би добил по 768,37 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


