| четврток, 6 декември 2018 |

Челси судбински врзан со Манчестер, го елиминира Јунајтед, сега на ред е Сити (видео)

Челси го елиминира Манчестер јунајтед, победувајќи го со 1-0 во повторениот дуел од ФА купот, откако на првиот меч беше 2-2. Сенегалецот Демба Ба, со одличен потег успеа да ја затресе мрежата на „црвените ѓаволи“ во 49.минута. Челси повторно ќе игра со тим од Манчестер, со Сити, во полуфиналето на националнииот куп во Англија.

Сер Алекс Фергусон го почна натпреварот без Вејн Руни и без Робин ван Перси, а во нападот главна алка требаше да биде Чикарито. Тој имаше шанса и прв да го отвори резултатот, но не успеа, па Демба Ба ги казни „црвените ѓаволи“ со гол на стартот од вториот дел.


szólj hozzá: Chelsea vs Manchester United 1:0 Demba Ba

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top