| четврток, 6 декември 2018 |

Бура остави 200 илјади домаќинства без струја во Канада

kanada
Околу 200 илјади домаќинства останаа без струја во западната канадска провинција Британска Колумбија поради бура, проследена со урагански ветрови и пороен дожд.Невремето го погоди јужниот дел од провинцијата, меѓудругото и Ванкувер, мегаполисот на Британска Колумбија.

На одредени места брзината на ветерот достигна 117 километри на час.

Стотици дрва се откорнати. Прекинатите се електричните линии, а нанесена е материјална штета на десетици автомобили и на станбени згради.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top