Државната изборна комисија(ДИК) не беше на ниво на задачата на највисок изборен орган кој треба да се грижи за законитоста во спроведувањето на изборите, сметаат од Граѓанската асоцијација МОСТ.
Според нив, при одлучувањето по приговорите, ДИК не беше доследна и конзистентна во донесувањето на одлуките.
„МОСТ, исто така, нема да ги коментира поединечните одлуки и гласања на овој орган, со оглед на фактот што дел од нив беа донесени не земајќи ги предвид одредбите во Изборниот законик, туку произлегуваа од тесните политички интереси. При дискусиите по приговорите членовите на ДИК, наместо да се држат до предметот на расправа често држеа политички говори и застапуваа политички ставови што е недозволиво за ваков орган“, се вели во соопштението од МОСТ.
Од МОСТ со апел да се поведе соодветна постапка против лицата кои ги прекршиле законските одредби по поништувањето на првичните официјални резултати за избор на градоначалник на општина Чаир.
Од Граѓанската асоцијација упатија апел и сите граѓани пред вториот изборен круг да ги проверат своите податоци на веб-страницата izbirackispisok.gov.mk, за точно да го утврдат избирачкото место на кое можат да го остварат своето избирачко право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот