| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите заробија Ирачани кои демонстрирале против ИД

ISIS-Militant-Restrains-Captive-Near-Syrian-Border-e1403467307209Исламска држава денеска во градот Рутбах, западен Ирак зароби најмалку 70 луѓе, по протестот на граѓаните поради погубувањето на нивни сограѓанин од страна на џихадистите.

Рурбах е под контрола на ИД, а протестите беа реакција на денешното егзекутирање на државниот службеник Мунир ал Кобејси. Тој е погубен бидејќи убил еден припадник на ИД.

Портпаролот на владата на провинцијата Анбар, каде се наоѓа градот Рутбах изјави дека не знае каде се наоѓаат заробените граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top