Околу три милиони евра средства од Програмата за рурален развој на Владата ќе бидат инвестирани за проекти во струмичкиот регион, најави денеска премиерот Никола Груевски.
– Од Програмата за рурален развој 81 општина добија средства за проекти, а четири општини од струмичкиот регион овој пат добија околу три милиони евра директна поддршка од Владата. Тие средства ќе можат да ги вложат во проекти поврзани со водоводи, канализациски мрежи, патишта, паркови и слично. Така што очекувам овие три милиони евра да ги искористат оваа и во текот на следната година. Општина Струмица доби средства за три проекти, практично за сите три проекти за коишто побара пари. Општина Василево побара средства за поголем број проекти и доби, а исто така и општина Босилово и општина Ново Село, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој потсети дека Владата и во минатото има помогнато на овој регион каде само за изградба на водоводи и канализациски мрежи се инвестирани околу два милиони евра.
– Ќе продолжиме со поддршка за струмичкиот регион и во иднина. Ние не гледаме кој е на власт во општината, туку да им помогнеме на граѓаните. Наша цел е поквалитетен живот и подобри услови за граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)