| четврток, 6 декември 2018 |

Оган од запалена трева зафати куќи во Аеродром (видео)

Оган од запалена трева зафати дел од куќите во скопската населба Мичурин во Аеродром. Според информациите од локалното население, пожарот е во делот позади школото Димитар Влахов. На лице место се пристигнати противпожарни екипи и полиција. Пожарот засега е под контрола. Жителите се револтирани поради се почестите палења на трева во тој предел.
Видео снимка до Република.мк испрати жител од населбата. Фотографиите се преземени од порталите Турлитава и За се.pozar1-300x225
Pozhar-vo-Michurin pozar3-300x225

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top