| четврток, 6 декември 2018 |

Штафетите на Јамајка најбрзи на 4×100 метри

usein boltПретпоследниот ден на Светското атлетско првенство во Пекинг беше затворен со штафетните трки на 4 по 100 метри во машка и во женска конкуренција на кои доминираа спринтерите од Јамајка.
На машката штафета Јамајчаните предводени од Јусеин Болт победија со време 37.37 секунди. Покрај Болт во составот на Јамајка беа Неста КартерАсафа Пауел и Никел Ашмеде.
Сензација направи домаќинот Кина чија штафета заврши на втората позиција, откако САД беа дисквалификувани поради лоша замена, а трета беше Канада.

И кај жените штафетата на Јамајка беше најбрза, пред „четворката“ од САД, третото место го освои Тринидад и Тобаго.

Денеска нов светски рекорд постави Ештон Итон од САД во десетобој со вкупно 9.045 поени, резултат за шест поени подобар од досегашниот рекорд кој, исто така беше во негова сопственост.
Сребрен медал во оваа дисиплина освои Демијен Ворнер од Канада, бронзата е за Германецот Рик Фрајмут.
Во дисциплината скок во височина златниот медал го освои Русинката Марија Кучина, среброто е заБланка Влашиќ од Хрватска, бронзата ја освои Ана Чичерова од Русија.
Полјаците Пјотр Малаховски и Роберт Урбанек ги освоија првото, односно третото место во фрлање диск, втор беше Филип Миланов од Белгија. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top