Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо откри кој му е најголем страв во животот. Португалецот откри дека не посакува да умре млад.
Роналдо години стана татко на момче, велејќи дека за него не постои ништо поважно од неговото семејство и пријателите.
– Мојот најголем страв е да умрам млад. Не сакам тоа да се случи. Сакам да умрам како старец, со 80 или 90 години. Се обидувам да работам нормални работи со семејството, пријателите и синот. Се трудам да бидам нормална личност, а своето време најубаво го поминувам со синот. Уживам во моментов, сакам да играм фудбал и сакам и навивачите да уживаат како мене – изјави Кристијано Роналдо за „Либеро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.