| четврток, 6 декември 2018 |

Заминувањето на Де Бруин не поремети ништо во Волфсбург, во дербито против Шалке славеа со 3-0 (видео)

VfL Wolfsburg vs Schalke 04

Екипата на Волфсбург иако пред само неколку дена го продаде најдобриот играч, Белгиецот Кевин де Бруин кој се пресели во составот на Манчестер Сити, немаше проблем со реализацијата во дербито на третото коло коло во Бундеслигата славеа со 3-0 над Шалке.

Доминацијата на Волфсбург во текот на целиот натпревар резултираше уште во 17 минута кога Дост го отвори резултатот со прекрасен удар од петерецот и го доведе својот тим во водство од 1-0. До крајот на првиот дел Волфсбург имаше можност и да ја зголеми предноста, но само брзоплетоста на напаѓачите спречи катастрофа на Шалке.
Во второто полувреме беа постигнати уште два гола за сигурна предност на домаќините по само 15 минути игра.
Најпрвин Родригез успешно стрелаше во 59 минута од пенал, а само две минути подоцна Клосе го постави конечниот резултат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top